|
Елитни текстилни колекции за вашиот дом
Текстилнaтa колекција Philip Zepter Home Design се состои од елегантни комплети пешкири за капење, постелнина и треветски покривки. Изработени од најквалитетни материјали, тие се резултат на креативноста, како и на Zepter-офиот префинет вкус и страст за живот.
Бидејќи стилот е уметноста на живеењето, колекцијата, Philip Zepter Home Design го претставува решителниот одговор на Zepter International на денес популарниот тренд на минимализам во опремувањето на домовите.
Носталгични по луксузот на аристократските домови, мислејќи на дваесеттите, фасцинирани од стилот "liberty", одбравме за вас топли и елегантни тонови. Наместо индустриското (сериско или масовно) производство кое ја краде душата на производот, ја одбравме ненадоместливата атмосфера и прецизност на мајсторската изработка. Печатот на големите дизајнери и вниманието посветено на секој детаљ се пренесени во колекцијата Home Design директно од Италија, центарот на уметностите.
Дизајнерите на колекцијата се одлучија за најприродните материјали, кои се гаранција за квалитетот. Високата технологија на ласерските зраци овозможи да се усогласат различните материјали со нивно везење. Тие милиметарски прецизно го сечат само горниот слој од материјалот, ослободувајќи го и покажувајќи го долниот слој со цел да се создадат нови шари и прекрасни украси.
Употребата на специјални методи на везење кажува една работа дека: Zepter е способен да вдахне нов живот во овие вкусно изработени уметнички колекции и да експериментира со нови материјали, апликации, обраби и додатоци при што создава неочекувани и уникатни резултати.
|